Фудбалерите летнаа за Словенија: Нека ни се посреќи во Љубљана – нашата нова надеж за да конечно постигнеме гол (ФОТО)

4
Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација после убедливиот пораз од Швајцарија (0-3) на домашен терен денеска заминува за Словенија, селекција која е новиот противник од 2.коло во Лигата на нации.

Натпреварот се игра утре во Љубљана со почеток во 20:45 часот, и истиот е нова надеж дека нашиот најдобар национален тим ќе успее да стави крај на серијата од пет меча без постигнат гол, нешто што Македонија не памети во својата фудбалска историја.

Атмосферата е на врвно ниво, иако составот предводен од селекторот, Гоце Седлоски има меч за заборав, против Швајцарија, Македонија беше очајна во нападот, немаше ниту еден шут во рамката на голот.

Па токму затоа Љубљана е нова шанса за гол, за добра игра и за враќање на вистинската борбена Македонија.

ПретходноДрагана Цвијиќ: Ќе те осудуваат, ќе те чекаат на грешка…Најтешко е да ја преспиеш ноќта по коментарите!