Македонија не се сети на Среќко Катанец! Срамота…

636

Словенечкиот стратег Среќко Катанец е еден од најуспешните тренери кои седеле на клупата на Македонија, а водно под негово водство во 2008 година е забележан и најдобриот пласман (46 место), во нашата историја на ФИФА ранкинг листата. Во последниве неколку години легендарниот фудбалер, а потоа и тренер, ја води најважната битка во неговиот живот со проклетата болест која е причина за неговата предвремена пензија.

Живее со својата фамилија во Љубљана, местото каде изминативе 2-3 дена престојуваше и нашиот национален тим, нашата делегација од ФФМ за дуелот со Словенија (2:0), кој го одигравме синоќа. Во времето на Катанец, сегашниот наш селектор Гоце Седлоски беше капитен, а капитен беше и Горан Пандев. Заслужи Среќко ако не посета во неговиот дом, барем јавна поддршка, дрес, подарок за почит и внимание – или барем да биде споменат на една од двете прес конфернции во земјата каде се уште, тоје нивниот најдобар селектор.

За тренерот кој беше успешен и кој ги научи и не научи сите нас кои бевме во и околу репрезентацијата на ред и поредок – професионализам! Не би требало да се каже дека ова е „кикс“ на прес службата и Златко Андоновски, затоа што тој во тоа време беше активен во друг спорт, а Илчо Ѓоргиоски го регрутираше подоцна во ФФМ. Треба да се знае дека ова е национален тим, а не приватна играчка и дека оваа репрезентација имала минато, но ќе има и иднина. Затоа треба да се почитуваат моментите и да се даде поддршка на сите оние кои имале придонес за развојот на фудбалот во Македонија.

Еден од нив секако е Среќко Катанец, кој 4 години беше наш селектор и ние како медиум кој беше во постојан „позитивен конфликт“ со него му се извинуваме од наше име за незнаењето на луѓето од ФФМ и за тоа дека ако не од нив, тој ја има поддршката од комплетната македонска јавност во борбата со проклетата болест.

Чувај се Среќко, нашиве беа во Љубљана и не се сетија на тебе, а за жал ние сега ептен „Не забијамо…“!

ПретходноНов проблем за Мурињо, уште еден дефанзивец во „аут“
СледноСловенецот за Македонија: Не ни треба еуфорија, тие не се репрезентација од највисока класа