Евролига: Конечно блесок и на Црвена Звезда

31

Црвена звезда ја забележа првата победа во новата сезона на Евролигата, откако во драматичен натпревар во Белград го совлада Анадолу Ефес со 77:72.

„Црвено-белите“ имаа предност во најголемиот дел од натпреварот, но гостите од Истанбул не се предадоа до самиот крај. По првото полувреме Звезда водеше со 37:36, а во третата четвртина домашниот тим успеа да се одвои.

На стартот на последната четвртина разликата достигна осум поени, но Ефес со серија 6:0 се врати во игра и намали на 63:61. Во неизвесната завршница домаќините сепак останаа смирени и го сочуваа водството до последниот звук на сирената.

Со оваа победа Црвена звезда ја прекина серијата од два порази на стартот на сезоната, додека Ефес сега има скор 1-2.

Претходно Хапоел ТА славеше на мечот со Реал (М) со 102:98.

ПретходноШпанија постави историски рекорд: 13 гола во мрежата на Сан Марино, четири постигна Еспи
СледноЛН: Германија со прва победа во ерата на Клоп, Холандија се спаси, Португалија славеше без Роналдо