САД доби нов најмлад стрелец во историјата (ВИДЕО)

42

Новото фудбалско америчко чудо од дете се вика Каван Саливен повторно е во центарот на вниманието.

Стана најмладиот стрелец во историјата на репрезентацијата на САД, откако синоќа беше стрелец во победата на Америка над Мексико во пријателскиот натпревар кој што заврши 3:0.

Играчот за врска на Филаделфија се запиша во листата на стрелците со негови 17 години и пет дена, со што ги потисна на листата Матис Алберт, односно Кристијан Пулишиќ.

Играчот од средниот ред на Филаделфија веќе постави неколку рекорди. На возраст од 14 години и 293 дена, тој е најмладиот играч во главните професионални спортови во САД (фудбал, кошарка, бејзбол, американски фудбал и хокеј на мраз).

На 16 години и 198 дена, тој стана најмладиот стрелец на гол во историјата на МЛС. Својот прв црвен картон го доби на возраст од 16 години и 328 дена.

 

ПретходноНов убедлив пораз на избраниците на Станковски
СледноАко Хрватска загуби од Шпанија со пет голови разлика: Билиќ ќе си поднесе оставка?!