Во овој момент се игра натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Ираклис во рамките на првото коло во ФИБА Еврокупот. На трибините актуелниот македонски првак ги има своите фанови кои испратија порака:
„Името твое свето ќе го браниме пред светот“, стои на транспарентот позади клупата на македонскиот првак.
МЗТ Скопје после од 25 години се враќа на европска сцена, а грчкиот тим е прв противник во групната фаза. Покрај грчкиот тим во група со македонскиот првак се Тарту, Вурцбург, АЕЛ Ларнака и Џики Варшава.










