Ѓоко Зајков: Верувајте нас ни е најтешко!

172
ФОТО:.facebook.com/ffm.mk

На нашите национали предводени од Гоце Седлоски никако да им тргне. Црната серија трае ли трае,веќе напамет цела јавност знае колку натпревари сме без победа, колку минути сме без постигнат гол. Македонија во Луцерн одигра сосема коректно прво полувреме, имавме и две шанси за гол, но затоа во второто беше лошо, многу лошо и на крјот пораз од 3:0 од Швајцарија.

Искусниот стопер Ѓоко Зајков имаше свое видување по најновиот пораз:
“Можам да кажам дека примивме три несреќни гола, треба да извадиме поуки сите, и поискусните и помладите сите заедно да се издигниме над оваа тешка ситуација. Верувајте нас ни е најтешко, многу не боли сето ова, силно оосакуваме да се вратиме на следните натпревари и со малку повеќе среќа. Благодариме на навивачите за поддршката, дадовме се од себе посебно во првото полувреме, кое за жал не ни беше наградено барем со погодок“.

ПретходноМеси: Многу ме боли! Многу емоции, прво помислувам на мојот татко….
СледноИраклис го пријави МЗТ Скопје во ФИБА поради политичкиот транспарент на „Фемили“