Жалгирис приреди неверојатен пресврт против Барселона, Едвардс одигра четвртина за паметење

53
Фото: Евролига

Кошаркарите на Жалгирис остварија неверојатна победа на гостувањето кај Барселона во „Блауграна“, славејќи со 88:81 во натпревар од четвртото коло во Евролигата.

Литванскиот тим беше во негатива во текот на целото второ полувреме, но во последната четвртина проработе Карсен Едвардс. Американецот погоди четири тројки и целосно го сврте текот на натпреварот.

На три минути до крајот резултатот беше израмнет на 76:76, како претходно воопшто да немаше играно ниту еден тим. Жалгирис поведе по реализираните слободни фрлања, а потоа Григонис погоди неверојатна тројка во последните секунди од нападот за предност од четири поени.

Робинсон возврати на спротивната страна, но Едвардс веднаш одговори со нова тројка. Улановас потоа погоди тежок хорок на 65 секунди до крајот и му донесе на Жалгирис предност од шест поени.

Литванскиот состав успеа да ја зачува предноста и да стигне до втората победа сезонава во Евролигата, со што се израмни со Барселона на табелата. Двете екипи сега имаат по две победи и два порази.

Најефикасен во победничкиот тим беше Карсен Едвардс со 19 поени и седум асистенции. Кај Барселона, единствен со двоцифрен број поени беше Џастин Робинсон, кој натпреварот го заврши со 20 поени.

На останатите средби Олимпијакос славеше убедливо против Анадолу Ефес со 89-66, додека пак Бешикташ ја совлада Басконија на гости со 92-84.

ПретходноЛудница во Дортмунд: Ништо, ништо, па четири гола во финишот и шок за домаќините!
СледноУЕФА со лоши вести за Хрватска и Косово