Димитријевиќ најдобар асистент во победата на Арис

74
ФОТО:.facebook.com/arisbc.gr/

Арис разгоропаден против АЕК во меч од 2.коло во шампионатот на Грција, а тон на одличниот настап на тимот од Солун даваше македонскиот репрезентативец Недан Димитријевиќ. Арис како домаќин славеше против АЕК со 88:58, а Македонецот со 8 асистенции беше убедливо најдобар во тој сегмент на овој натпревар. За неполни 20 минути колку што мина на теренот Нено запиша и пет поени како и четири скока. Со оглед на разликата со која водеше неговиот тим и не мораше да дава се од себе за нешто повеќе.

Инаку ова е прва победа во новата сезона во шампионатот на Грција ако се знае дека на стартот Нено и другарите доживеаја пораз.

Претходно“Јорганџиите“ на мускули до победа кај Алавес
СледноЕве зошто сите му се смеат на Нојер! (ВИДЕО)