МЗТ Скопје на тест на „жешкиот“ терен во Гевгелија, Куманово и Штип по прва победа!

48

Кошаркарската Супер-лига продолжува денеска со три средби. Во Куманово, истоимениот тим го пречекува Штип (18 часот), станува збор за пресметка во која и двете екипи ќе се борат за првата победа сезонава, откако стартуваа со порази.

Интересно ќе биде во „Градски парк“, во истиот термин, Работнички и Тиквеш ќе ги одмерат силите. Ова е пак дуел на екипи кои имаат стартни победи, па еден ќе мора да се помири со прв пораз.

Во Гевгелија се очекува да биде „жешко“, таму Кожув е домаќин на МЗТ Скопје, мечот стартува во 19 часот. Македонскиот првак славеше против Куманово во првото коло, додека пак Кожув против Скопје.

Куманово – Штип и Работнички – Тиквеш (18 часот), Кожув – МЗТ Скопје (19 часот).

ПретходноПрвенец за Макс оваа сезона – голема грешка на Расел, Кими со повеќе среќа отколку памет
СледноТиквеш супериорно против Брегалница