Се играше 90+2.минута, се беше подготвено за славје на “Олд Трафорд“ и победа на Манчестер Јунајтед ако се знае дека резултатот беше 1:0 за домашните. И тогаш Соланке стрелаше за 1:1 и за бод на Тотенхем и секако за молк на “Олд Трафорд“.
Интересно, и во шестиот меч сезонава во ПЛ не успеа да ја сочува својата мрежа. Да потенцираме дека Јунајтед поведе со голот на Мбеумо во 73.минута, потоа Тотенхем остана со играч помалку откако Бетанкур беше исклучен.
Реално Тотенхем, според она што го прикажа, не заслужи да биде поразен.
Сепак и натаму тимот на Де Зерби е без победа.










