Младата футсал селекција играше нерешено против Црна Гора

225

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години вечерва во Тиват го одигра првиот контролен натпревар со соодветната репрезентација на Црна Гора.

Дуелот заврши без победник, а двете селекции постигнаа по еден погодок. Репрезентацијата на Македонија поведе во 16. минута, а стрелец на голот беше Јован Бојчев.

Дванаесет минути подоцна домаќините преку Лазар Воротовиќ успеаа да израмнат на 1:1 што на крајот беше и конечен резултат на овој натпревар.

Во 32. Минута, Црна Гора не успеа да реализира пенал и тоа по одличната реакција на нашиот голман, Илија Петрески.

За Македонија на овој натпревар настапија: 1. Алек Тошевски (голман), 11.Михаил Гоговски, 2.Леонид Стоевски, 8.Лука Давитковски, 4.Климент Ѓошев, 6. Аки Мехмедалиев, 3.Христијан Ризов, 14.Јован Бојчев, 12.Илија Петрески (голман) , 9.Јован Лембевски, 10.Александар Крстевски, 13.Матеј Анѓеловски, 5.Бојан Пешев, 22.Дамјан Ивановски (голман)

Репрезентацијата предводена од селекторот Зоран Лекиќ утре од 11 часот ќе го одигра вториот дуел против домаќинот Црна Гора.

ПретходноЃоковиќ првпат се огласи по изборите во Србија: Притисоците беа неверојатни!
СледноСтрашниот Лацио промаши два пенали, па сепак славеше со убедливи 6:2!