Потврдено: Ф4 во Евролигата во 2027 и 2029 во Абу Даби

29

Раководството на Евролигата денеска потврди дека турнирите од Фајнал Фор во 2027 и 2029 година ќе се одржат во Абу Даби.
Абу Даби за прв пат беше домаќин на Фајнал Фор на Евролигата во мај 2025 година, а настанот беше оценет како голем успех и од самата Евролига и од домаќините.
Уште тогаш, во принцип беше договорено Ф4 Евролигата да продолжи да се одржува во овој град, а сега е потврдено дека ќе се одржи во 2027 година, а потоа и во 2029 година.
„Со големо задоволство можеме да потврдиме дека Фајнал Фор се враќа во Абу Даби. Би сакал да му се заблагодарам на Абу Даби за неговата постојана поддршка. Заедно, им го донесеме на љубителите на кошарка еден од најдобрите Ф4 турнири во нашата 26-годишна историја и со тоа покажавме глобален интерес за Евролигата. Новиот договор ја покажува нашата заедничка посветеност на развојот на кошарката и создавањето незаборавно искуство за фановите“, рече претседателот на Еврологигата, Дејан Бодирога.

ПретходноМакедонија преговара со Бецвиновски, а тој засега оди со Австралија на Мундијал
СледноАлександар Грујоски ќе го суди КУП дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш