Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години вечерва во Тиват го одигра првиот контролен натпревар со соодветната репрезентација на Црна Гора.
Дуелот заврши без победник, а двете селекции постигнаа по еден погодок. Репрезентацијата на Македонија поведе во 16. минута, а стрелец на голот беше Јован Бојчев.
Дванаесет минути подоцна домаќините преку Лазар Воротовиќ успеаа да израмнат на 1:1 што на крајот беше и конечен резултат на овој натпревар.
Во 32. Минута, Црна Гора не успеа да реализира пенал и тоа по одличната реакција на нашиот голман, Илија Петрески.
За Македонија на овој натпревар настапија: 1. Алек Тошевски (голман), 11.Михаил Гоговски, 2.Леонид Стоевски, 8.Лука Давитковски, 4.Климент Ѓошев, 6. Аки Мехмедалиев, 3.Христијан Ризов, 14.Јован Бојчев, 12.Илија Петрески (голман) , 9.Јован Лембевски, 10.Александар Крстевски, 13.Матеј Анѓеловски, 5.Бојан Пешев, 22.Дамјан Ивановски (голман)
Репрезентацијата предводена од селекторот Зоран Лекиќ утре од 11 часот ќе го одигра вториот дуел против домаќинот Црна Гора.










