Момент од пресметката меѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ (ВИДЕО)

1815
Фото: Принскрин/Видео - https://360stepeni.mk/

Додека се чека официјалниот извештај од Министерството за внатрешни работи за физичката пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ пред СЦ „Јане Сандански“, порталот www.360stepeni.mk објави видеозапис од инцидентот.

На двете видеоснимки може да се забележат полиција и возило на брзата помош. Засега нема информации за тоа колку лица се повредени. Според информациите на СпортСпорт, дошло до сериозна физичка пресметка меѓу двете навивачки групи, поради што на местото на настанот морала да пристигне и брзата помош.

Работнички денеска играше во СЦ „Јане Сандански“, но против екипата на Скопје. „Сити Парк Бојс“ дојдоа да ги бодрат своите кошаркари, но пред салата биле пресретнати од навивачите на „Фемили“, по што за кратко време дошло до мешаница на булеварот, кој подолго време бил под засилено полициско обезбедување.

Видеата можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

ПретходноЦСКА Софија и официјално го отвори реконструираниот стадион (ВИДЕО)
СледноМВР со детали за инцидентот помеѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“