МВР поднесе кривична пријава за тепачката пред „Јане Сандански“, приведени се тројца

60
Фото: Принскрин/Видео - https://360stepeni.mk/

СВР Скопје поднесе кривична пријава против едно лице за насилството што се случи вчера пред спортскиот центар „Јане Сандански“, кога група од околу 30 припадници на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК Работнички.

Во нападот тешко телесно повредено било 16-годишно момче од Скопје. Според информациите од МВР, навивачите на Работнички чекале да влезат на спортскиот натпревар кога биле нападнати.

Осомничениот П.А. е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Во врска со инцидентот биле приведени и двајца 18-годишници од Скопје, со иницијали М.М. и Д.П.

Од СВР Скопје информираат дека продолжува повикувањето на лица за кои ќе се утврди дека учествувале во инцидентот, по што ќе следуваат соодветни пријави. Од МВР упатија апел за фер и спортско однесување и порачаа дека насилството нема да биде толерирано.

ПретходноЛацио „гази“, падна и Каљари
СледноСтруга го изненади Е. Пелистер 2 на гостувањето во Битола