Полувреме: Ндзенгуе за водство на Шкендија (Т), Стојкоски со прекрасен гол за резултатски егал (ВИДЕО)

92
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Брегалница – Шкендија 1:1 по првите 45.минути од попладневниот меч од 2.коло во ПМФЛ.

Тетовци рано поведоа со голот на Ндзенгуе уште во 3.минута, имаа гостите шанси и за 0:2 преку Криезиу и Тамба, но Брегалница како што одминуваше времете играше се подобро, па така откако пропушти неколку можности, Стојкоски со прекрасен гол во 39.минута успеа да го совлада Гаје и да израмни на 1:1.

Резултат со кој се замина на одмор.

Шкендија повторно не воодушевува со својата игра, а тоа во продолжение од средбата може да го искористи домашниот состав. Далеку е ова од шампионско издание на Шкендија (Т).

ПретходноАрсенал е подготвен да го шокира фудбалскиот пазар: Погледот е насочен кон Мадрид!
СледноРакометарите се собраа во Скопје пред стартот на квалификациите (ФОТО)