Струга го изненади Е. Пелистер 2 на гостувањето во Битола

83

Ракометарите на Струга приредија пресврт во Битола и го совладаа Е. Пелистер 2 со 25:24, во натпревар од деветтото коло на Суперлигата. Домаќините имаа предност од 12:11 на полувремето, но стружани во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат бодовите.

Мечот влезе во неизвесна завршница, а одлуката падна во последната минута. По израмнувањето на 24:24 со погодокот на Давид Димевски во 59. минута, Дарко Георгиевски во последната минута го постигна голот за победа на Струга.

Најефикасни во победничкиот состав беа Никола Јукиќ и Марио Танковски со по шест погодоци, додека Мице Шилегов постигна пет, а Мартин Манасков три. Голманот Мартин Јовановски имаше одличен настап со 14 одбрани.

Кај Е. Пелистер 2, Давид Димевски беше прв стрелец со седум гола, Божидар Илиески постигна шест.

ПретходноМВР поднесе кривична пријава за тепачката пред „Јане Сандански“, приведени се тројца
СледноАлкараз победи во Виена и го освои 28. турнир во кариерата