Битолчани поразени во првиот меч во „Јане“: МЗТ Скопје А. им се врати на победите

40

Шампионот МЗТ Скопје А. на најдобар можен начин се врати на победничките патеки по заминувањето на тренерот Васко Атанасов. На попладневното дерби во „Јане- Сандански“, „штрковите“ остварија победа над битолскиот состав со 74-60.

„Металците“ одиграа доволно сигурно за да стигнат до триумф против битолчани и да ги освојат бодовите на домашен терен.

Лука Стојановски беше најефикасен во победничкиот состав со 18 поени, седум скока и една асистенција. Во одлично издание беше и Војдан Стојановски со 13 поени, седум скока и три асистенции, додека кај Пелистер, Благој Димитриев постигна 12 поени, а Алонзо Денинг и Никола Кочовиќ завршија со по 10 поени.

ПретходноЛазаров: Желбата е јасна – пласман на уште едно големо натпреварување!
СледноНа само 34 години: Почина европската шампионка на 1500 метри