Фудбалерите на Силекс денеска на Автокоманда од 12 часот му гостуваат на Скопје. Тоа е меч во кој тимот на Александар Васоски влегува со големи амбиции. Секако дека се подразбира победа, се подразбираат тие три бода со кои Силекс ќе фати некаков приклучок со водечките екипи на табелата.
По сите оние разочарувања и неуспеси кога Силекс немаше победа долго време, шест кола беа во прашање, сега кратовци сакаат да врзат и трета победа во низа. Девет бода од тие три меча секако дека нема да биде лошо, напротив.
Прво беше совладан Башкими на гости со 0:3, потоа падна и Шкендија Арачиново и сега е на ред Скопје. Реално и се очекуваше ваква серија ако се знае дека тимот на Васоски беше голем фаворит.
Од друга страна составот на Скопје никако да победи. Минаа 11 кола во кои “Пиратите“ едноставно не знаат како тоа изгледа победа, не знаат како да дојдат до три бода на еден натпревар.
Само три ремија и осум порази и освоени само три бода со што се убедливо на последното место.
Секако дека составот на стратегот Иван Варадиновски ќе се бори, ќе посакува победа или барем бод денеска на свој терен против гостите, ама реалноста вели дека тешко ќе им биде на “Пиратите“. Сепак ова е фудбал, останува да видиме на крајот како ќе биде.
Натпреварот почнува во 12 часот а ќе го суди Фуркан Идризи.















