МЗТ Скопје и ТФТ по прва радост на меѓународна сцена

60
фото: Fiba.basketball

МЗТ Скопје во деликатна ситуација ја продолжува својата европска авантура, која засега изгледа како кошмар. Актуелниот македонски првак во ФИБА Еврокупот има четири порази во исто толку одиграни натпревари, а на новото гостување во Полска заминува со промена на тренерската позиција. Васко Атанасов си замина по поразот од Струмица.

Противник на „сино-белите“ е тимот на Варшава, а дуелот започнува во 19 часот. Ова ќе биде прва меѓусебна пресметка на двата тима. Полскиот состав е на третото место на табелата со скор од три победи и еден пораз, додека МЗТ Скопје е последен без ниту една победа.

ТФТ гостува кај Херцеговац во АБА2-лигата

Екипата на ТФТ, пак, има обврски во АБА2-лигата, каде што гостува кај Херцеговац. Натпреварот е закажан за 16 часот.

Тимот од Тафталиџе зад себе го има натпреварот за заборав против Слобода Тузла, на кој беше убедливо поразен.

Сега ТФТ има можност да покаже многу повеќе од претходната средба, на која настапи без странските кошаркари, кои се лидери во составот.

ПретходноЕве зошто Македонија е апсолутен фаворит против Луксембург!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ДАРКО ИВАНОВСКИ ОД КРАТОВО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 1.265.797 ДЕНАРИ