Васоски: Победа против Вардар ќе значи многу за Силекс!

44

Попладнево од 13 часот на стадионот во Кратово, во меч од 13.коло, домашниот Силекс го пречекува Вардар. Меч кој и тоа како е значаен за двете екипи, посебно за составот на стратегот Александар Васоски, инаку некогашен стратег на Вардар.

Со евентуална победа и три бода секако дека кратовци ќе фатат приклучок со водечките на табелата.

Токму Васоски за “СпортСпорт“ во пресрет на денешната пресметка со шампионот искоментира:

“Респект за Вардар, респект за шампионот, сепак ние си имаме свои планови и свои амбиции. Се надевам на добар натпревар на Силекс, секако и на победа кој би значела во некоја рака и пресвртница за нас во првенството. После таа лоша серија, во која не игравме лошо туку проблем беше реализацијта, дојдоа добрите резултати и одлично за нас ќе биде и со победа против Вардар да ја пречекаме паузата“ посочи Васоски и додаде.

“Се надевам дека теренот ќе биде добар за една добра фудбалска претстава, го зачувавме колку што можевме. Се надевам и на добро судење, а мотиви имаме и тоа како. Мораме да покажеме дека овој Силекс заслужува и оваа сезона во најмала рака да се бори за излез во Европа. Како и да биде нема денешниот меч ништо да реши, има уште многу да се игра, но како што реков може за нас да биде пресвртница“ заврши стратегот на кратовци.

ПретходноСупер – дерби: Струга ТЛ сака “седум од седум“ дома, Шкендија сака да остане на врвот!
СледноИнфантино се откажа од идејата за Светско до 64 репрезентации