Ракометарите на Прилеп забележаа убедлива победа над Мулти Есенс со 34:24 во првиот денешен натпревар од 10. коло во Супрелигата. Домашниот тим уште во првото полувреме ја најави победата, заминувајќи на пауза со високи 19:10, а во продолжението рутински ја задржа предноста.
Најефикасен во победничкиот состав беше Никола Шипинкоски со 11 погодоци, а Андреј Стојановски постигна осум гола.
Кај Мулти Есенс, Јован Петрески беше најдобар стрелец со осум погодоци, шест од седмерец, додека Немања Џигеровски постигна четири гола.










