Германија ја “парчоса“ Холандија, Србија повторно поразена

0
ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/

Вечерва покрај натпреварот во Скопје, на кој Македонија беше поразена од Словенија со 0:3, се одиграа уште неколку натпревари.

Дербито се играше во Берлин, во меч кој Германија блескаше и просто ја “парчоса“ Холандија со неверојатни 5:0. Стрелци на головите беа Шерхант, два на Вирц, Шлотенберг и Груда.

Србија одново со пораз и тоа од Грција на гости, со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за домашната селекција беше Мазурас во 69.минута.

Интересно на крајот Германија, Холандија и Грција завршија со по 11 бодови, додека Србија исто како и Македонија е без ниту еден освоен бод во оваа група во А Лигата на Нации.

Сепак прва е Германија, втора Холандија е трета Грција.

ПретходноСедлоски: Оставка? Да преспиеме, да видиме како ќе се одвиваат работите