Работнички го продолжи победничкиот поход во Супер-лигата. „Црвено-белите“ го запишаа осмиот триумф во низа, откако на домашен терен со убедли 103-84 го совладаа ТФТ во дербито на колото. Со новите бодови, Работнички се зацврсти на врвот на табелата и остана единствен тим без пораз од стартот на сезоната. На другата страна за ТФТ ова четврти пораз, има исто толку победи.
Прво име во редовите на победникот беше Виктор Ефремовски со 29 поени, зад него беше Робев со 17 поени, Говенс беше стрелец на 16. Кај гостите, Сила имаше 26 поени.
Тимот од „Градски парк“ полека, но сигурно го градеше својот пат кон победата. По првата четвртина водеше со 21-17, додека на одморот замина со двоцифрена предност од 47-34.
Домашниот состав не застана ниту во третиот период. Во 27. минута водеше со 67-46 и тука најави дека овој меч ќе се движи само во еден правец. Во последните десет минути Работнички влезе со водство од 77-60. Во продолжение на „црвено-белите“ им преостана рутинската задача.










