Познато е кога Синер ќе се врати на тениските терени по операцијата на коленото

0

Италијанскиот тенисер Јаник Синер успешно го оперираше коленото во Финска, а првичните проценки се дека неговото закрепнување ќе трае околу три месеци. Според информациите на „Раи“, зафатот го извршил фински специјалист.

Медицинскиот тим избрал најмалку инвазивно решение за отстранување на проблемите што подолго време го мачеле италијанскиот тенисер.

Поради операцијата, Синер сигурно ќе го пропушти почетокот на новата сезона, вклучувајќи го и Австралија опен во јануари. Првичните планови биле да настапи на првиот гренд слем турнир во годината, но сега приоритет е целосното закрепнување.

Синер претходно изјави дека сака да се врати што е можно побрзо, но нагласи дека најважно му е да го сочува здравјето за да може да игра уште 10 до 15 години. Доколку рехабилитацијата се одвива според планот, неговото враќање на терените се очекува во текот на пролетта 2027 година.

ПретходноПелистер доби јасна слика откако Гумерсбах ја растури Ла Риоха