Македонскиот кошаркарски стратег Александар Јончевски е именуван за нов тренер на полскиот прволигаш Енерга Чарни Слупск. Јончевски на клупата доаѓа на местото на Кшиштоф Шабловски, со кого клубот се раздели спогодбено по серијата слаби резултати.
Чарни Слупск е меѓу двете екипи во полската ПГЕ Баскет лига кои сè уште немаат забележано победа во сезоната. Последниот пораз, на гостувањето во Бидгошч, беше причина за тренерската смена.
Јончевски веќе е познат на полската кошаркарска јавност, бидејќи претходно го предводеше Шленск Вроцлав, а последниот ангажман го имаше во Косово.










