Според Судискиот одбор:Судиите без грешка на денешните дерби натпревари во ФФМ

0
ФОТО:FFM.MK

Денеска се одиграа три меча од 15.коло во ПМФЛ. Беше интересно во Кратово, Гостивар и Кавадарци, а по завршување на тие натпревари со своја оценка за судењето се огласи и Судискиот одбор при ФФМ:

„На натпреварот помеѓу екипите на ФК Аресими и ФК Вардар, во 13. минута, по нафрлување на топката од страна на гостинската екипа, на терен беше донесена одлука за признавање на голот. По интервенција на ВАР-собата, одлуката беше правилно преиначена, бидејќи беше утврдено дека претходно имало недозволена позиција (офсајд), поради што голот беше поништен.

Во 65. минута, домашниот играч со број 10, додека беше во посед на топката, намерно го удри противничкиот играч со број 71. ВАР-собата правилно реагираше и го повика главниот судија на преглед на снимката (ОФР), по што беше донесена исправна одлука за исклучување на домашниот играч со црвен картон.

На натпреварот помеѓу екипите на ФК Силекс и ФК Струга, во 57. минута, при напад на домашната екипа, играчот со број 16 постигна погодок, по што судијата на теренот досуди офсајд-прекршок и го поништи голот. По проверката во ВАР-собата, одлуката беше правилно преиначена, бидејќи беше утврдено дека нема офсајд-прекршок, па голот беше исправно признат.

На натпреварот помеѓу екипите на ФК Тиквеш и ФК Шкендија Тетово, во 48. минута, при удар кон голот на домашната екипа, топката го погоди играчот со број 44 во раката, која не беше во природна положба, со што беше спречен ударот кон голот. Главниот судија не беше во можност првично да ја процени ситуацијата, поради што ВАР-собата правилно реагираше и го повика на преглед на снимката (ОФР). По прегледот, беше донесена исправна одлука за досудување пенал за гостинската екипа.

Комплетното 15 коло во Прва МФЛ со оценка одлично судење на сите одиграни натпревари и правилни одлуки на ВАР судиите. Сите интервенции беа правилни и успешно реализирани.

ПретходноМалиот Кралевски го сопре Нестор!