ТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Шабани е најдобриот меѓу најдобрите

801

Струга Трим Лум заврши како прва по есенската полусезона во првенството 2022/23 во ПМФЛ. Логично од тој тим да биде и играчот на полусезоната, најдобриот меѓу најдобрите, но ако се работи за Буњамин Шабани тогаш уште повеќе логиката игра улога. Да, вистина е дека Бесарт Ибраими со 9 голови е првиот “бомбардер“, но реално популарниот и искусен играч за врска Буњо беше “моторот“ на есенскиот првак.

Неуморен, може да одигра два меча во серија и тоа без проблем, стрелец на пет голови а имаше и неколку асистенци.

Шабани ја одигра својата најдобра полусезона во кариерата.

Од Струга ТЛ во идеалните единаесет се и Ибраими и Илиески.

Од вториот Шкупи тука се Маргвелашвили, Алварез и Трапановски, кој посебно блескаше во вториот дел од есенската полусезона.

Шкендија во тимот на есента според „Спортмедиа“ е застапена со Захов и Дориев. Тиквеш имаше феноменална есен, а најзаслужни за тоа се Нгоба и Ивановски. Во тимот на есента има место и за одличниот стопер на Силекс, Љамалари.

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА

Буњамин Шабани

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 30.01.1991 во Куманово

Кариера: Башкими, Милано, ФЦ Пало (Финска), Скопје, Шкендија, Партизани (Албанија), Шкендија, Ренова, Шкупи, Ширак (Ерменија), Дрита (Косови), Струга ТЛ

ПретходноРаниери по 34 години се врати на кормилото на Каљари
СледноЗдравков ќе ги прозива “сините“ на 9 јануари, Дојран, Охрид или Анталија се можни дестинации за главните подготовки!