Читателите одбраа: Мусиала е најдобриот фудбалер на Баерн Минхен за 2022 година!

120

Џамал Мусиала, младиот репрезентативец на Германија и офанззивец на Германија, од страна на читателите на “Билд“ е избран за најдобар фудбалер на баварскиот гигант за 2022 година.

Во анкетата на “Билд“ која траеше неколку дена, на прашањето кој е најдобриот фудбалер на Баерн за годината што изминува, својот глас го дале 6.171 читатели, а за Мусиала гласале дури 4.767 лица. На второто и третото место се најдоа, малку изненадувачки Чупо – Мотинг (258 гласа) и Роберт Левандовски (149 гласа). Велиме изненадувачки зошто никаде ги нема Милер, Дејвис, Ноер и други, а тука е полскиот репрезентативец кој во Минхен беше само шест месеци за да потоа се пресели во Барселона.

Голема благодарност до сите што гласаа за мене. Кога тоа го прават навивачите, кога тие ќе те изберат за најдобар, тогаш тоа е нешто посебно. Ова ме направи многу среќен“ им се заблагодари Мусиала на читателите на “Билд“.

ПретходноКФСМ во посета на Заводот за рехабилитација на деца и младинци (ФОТО)
СледноГеоргиевски: Доминацијата на домашни играчи може да биде и предност! Јавноста мора да има трпение!