По заминувањето на Бобан Бабунски од кормилото на тимот на Победа, се отвора празното столче за неговиот наследник.
Прволигашот во изминатата сезона одигра како што одигра, и напролет го чека сериозна битка за опстанок.
Па така, спред последните информации најсериозен кандидат за нов тренер на тимот на Победа е Јане Николоски, поранешниот македонски репрезенативен голман, а потоа и тренер на неколку наши прволигаши. Тој веќе има одработено еден мандат како тренер на Победа во минатото.
Прилепчани допрва треба да го решат прашањето на тренер, а дури потоа да се посветат на останатите како подготовки, засилувања и слично…