Македонските кадети одиграа уште еден квалитетен натпревар на Шпаркасе Куп во Германија, но за жал не успеаја да се пласираат во финалето на турнирот. Македонскиот национален тим загуби со 27:30, па Исланѓаните ќе патуваат во финалето.
Првиот дел заврши 12:12, Македонија водеше со 17:16 во второто полувреме по што следуваше пресврт на Исланѓаните кои понатаму го контролираа водството до крајот.
Во меч за третото место, Македонија ќе игра со подобриот од мечот Германија-Египет.