0
Крај на една ера во Ренова. После одиграни 245 натпревари и членство во последните осум години, си замина Ненад Мишковски.
Мишковски во 2013 година стана дел од „гипсарите“, и од тогаш се зацврсти како главен стопер во одбраната на Ренова. Иако за него имаше шпекулации за трансфер, сепак, на крајот секогаш остануваше „верен“ на тимот од Тетово. Тој во минатото беше дел и од Тетекс и Шкендија, а играше и во Металург.
Двете страни се договориле за прекин на соработката.