Поранешниот фудбалер на Тотенхем и капитен на младинските селекции на тој клуб Антон Валкс загина во несреќа во Соединетите Американски Држави. Валкс (25) настрадал откако со својот чамес се судрил со друг чамес во Јужна Флорида. Веста ја потврдија сите негови поранешни клубови, меѓу кои се и Портсмут каде што играл изнесен период како позајмен, но и Шарлот, клубот во кој бил под договор.
Валкс ја поминал младинската школа на Тотенхем, а професионалното дерби го имал во септември 2016 година во победата над Гилингем во Лига купот.