Никогаш не ги отпишувајте “кралевите“: Реал со чудесен пресврт до триумф кај Вилјареал! (ВИДЕО)

213

 

Каков пресврт, чудесен пресврт на Реал Мадрид и тоа на гости кај Вилјареал во меч од 1/8 финалето во Купот на Шпанија. Победа со 2:3, прва после шест години пауза на теренот кој беше долго време малерозен за европскипот првак. А домашните водеа со 2:0, ги контролираа настаните на теренот, се имаа домашните во свои раце, односно нозе,но, ете…

Капуе во 4.минута и Чуквуезе во 42.минута донесоа водство од 2:0 за Вилјареал. Ретко кој се надеваше дека “кралевите“ ќе вратат, но ете се вратија. Винициус во 57.минута намали на 2:1, следуваше голот на Милитао за 2:2 во 69.минута за да Цебаљос во 86.минута стрелаше за 2:3, за победа, за пласман во 1/4финалето во Купот на Шпанија.

ПретходноЈуве преку Монца до 1/4 финалето во Купот на Италија! (ВИДЕО)
СледноРадески: Да ја донесеме титулата во Струга! (ФОТО)