Кобајаши најдобар на домашен терен во Сапоро, Кубацки на второто место

89

Рују Кобајаши победи на денешните ски-скокови на сколаницата „Окурајама“ во Сапоро, Јапонија во рамките на Светскиот куп. Тој имаше скокови од 135 метри и 130 метри доволно за прво место. Второто место го освои полскиот ас Давид Кубацки со скокови од 137 метри и 125,5 метри, додека третото место го освои Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со скокови од 130,5 метри и 126 метри.

Четвртото место му припадна на Камил Стох, следуваат Штефан Крафт, Анже Ланишек, Тими Зајц, Андреас Велингер и Даниел Андре Танде…

За Кобајаши ова е 28. победа во Светскиот куп изедначувајќи се со Германецот Мартин Шмит во севкупна конкуренција. Шест поранешни ски-скокачи се пред Кобајаши, а најмногу победи има Грегор Шлиренцауер (53).

Во генералниот пласман води Кубацки со 1090 поени, втор е Гранеруд со 956 поени…

Утре повторно ќе се скока во Сапоро.

 

ПретходноРајковиќ и ЦСКА до 22-0, Димитријевиќ осум меча без пораз
СледноОдбојкарите новата година ја почнаа од 25. место на ранг-листата на ЦЕВ