Поради семејни проблеми: Пропадна трансферот на Елези во Грузија, тој се врати во Шкендија

428

Шкендија вечерва преку соопштение потврди дека Дашмир Елези ќе остане во Тетово и покрај објавениот трансфер во екипата на Торпедо Кутаиси. Причина за враќањето на Елези во дресот на тетовци се семејни проблеми.

„По барање на самиот фудбалер и неговото семејство, Шкендија одлучи да не го попречува трансферот на играчот во странство. Така понудата на Торпедо Кутаиси беше прифатена и беше одобрен трансферот на Елези во Грузија. За жал откако потпиша и се претстави со новиот клуб, поради семејните проблеми, Дашмир Елези (за еден месец ги загуби татко му и дедото) се најде во тешка емотивна ситуација и во меѓувреме Торпедо Кутаиси даде дозвола тој да се врати во Тетово. Шкендија повторно покажува разбирање и ја отвора вратата за Дашмир Елези, кој се приклучува на тимот и ќе биде дел од нас и во наредниот период“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноТен Хаг: Имаме добра можност да освојуваме трофеи, неделата ја оставивме зад нас
СледноАл Наср не се откажува: 40 милиони евра по сезона за Модриќ