Лука Станковски сезоната ќе ја доигра во НД Горица, Словенија!

919

Лука Станковски, нашиот младински репрезентативец моментално е на пат кон Словенија. Како што не информираат од неговото семејство, младиот играч за врска сезоната ќе ја доигра во Словенија, и тоа во тимот на НД Горица од Нова Горица, клуб од елитната лига во таа земја.

Познато е дека неговиот клуб Газијантеп, поради катастрофалните земјотрес во Турција, се повлече од Суперлигата, па играчите мораа да се снаоѓаат. Македонецот ќе игра во Словенија, а по завршување на сезоната, во јуни, ќе се врати во Газијантеп.

Интересно е тоа што пред неколку дена неговиот брат, Марио Станковски, потпиша за Триглав, исто така тим од Словенија.

ПретходноШифрин го освои златниот медал во велеслалом на СП!
СледноЧави се уште е лут кога ќе ја слушне химната на ЛШ: Мораме да се соочиме со реалноста!