Една недела по поразот на гостински терен од Алборг, Пик Сегед дојде до значајна победа во битката за подобро место во нокаут фазата. Унгарскиот првак на домашен терен го совлада Кил со 36-33 во рамките на 12 коло во Лигата на шампиони и воедно му се одмазди за поразот во првиот дел.
Пик Сегед се има десет бода, два помалку од Кил и се наоѓа на петото место во групата Б. До триумфот дојде по пресврт, на одморот имаше негатива од три гола (14-17), по што одигра одлично во вториот дел, кој го доби со 22-16.
Иманол Гарсијандија постигна седум гола, Миклер имаше 13 одбрани. Во редовите на Кил Сагосен беше стрелец на седум гола.