ПМФЛ: Силекс го “скрши“ шампионот, Шкендија едвај со Победа, Работнички поразен, и 0:0 на Автокоманда!

537

Уф, какво дерби во Кратово. Одличен меч од 20.коло попладнево во Кратово на кој Силекс со 2:1 успеа да го совлада Шкупи. Кратовци поведоа со супер -голот на Милосављевиќ и Ѓорѓиевски со 2:0 во првиот дел, но Шкупи и тоа како се врати. Успеа да намали со голот на Данфа а до крајот и двете екипи имаа по неколку шанси. Имаше и нервоза,но сепак на крајот Силекс заслужено победи и ја прекина победничката серија на шампионот, со оваа победа Силекс и “помогна“ на Струга ТЛ во битката за титулата.

Шкендија едвај стигна до триумф против Победа и тоа само благодарение на деби – голот на Ералдо Чинари во 62.минута.

May be an image of 1 person, outdoors and text that says 'Ecolog SECUR We don't so thaty'

Брегалница со голот на Николов уште во 4.минута успеа да го победи Работнички на Маџари со 0:1. Прв триумф на Горан Здравков како тренер на „сините“.

Скопје и Тиквеш одиграа без голови.Интересен меч, но сепак најголемата шанса ја имаа гостите кога Лазаров во 48.минута од слободен удар ја погоди стативата на домашните.

РЕЗУЛТАТИ – 20.КОЛО

СИЛЕКС – ШКУПИ 2:1

(Милосављевиќ 4., Ѓорѓиевски 32./Данфа 57.)

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 0:1

(/Николов 4.)

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 1:0

(Чинари 62./)

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 0:0

ВЧЕРА:

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:0

А.ПАНДЕВ (СЛОБОДНА)

ПретходноАдеми го “отвори“ Хајдук, Динамо ги толчи “билите“! (ВИДЕО)
СледноБрегалница со песна од Маџари, деби победа на Здравков како тренер на „сините“! (ФОТО)