Голден Арт го „збриша“ Радовиш!

64

Денеска продолжуваат мечевите од плеј-оф и плеј-аут лигите. Голден Арт дојде до третата победа во групата која се бори за опстанок. Овој тим на домашен терен го совлада Радовиш со убедливи 36-23 во рамките на петото коло.

Домаќинот тргна доминантно, поведе со 7-2, па со 14-7. На одморот ја имаше позитива од 18-12. Во продолжение мечот беше само чиста рутина за домаќинот. На другата страна гостите кои се последни во плеј-аутот го запишаа четвртиот пораз.

Милошевски имаше 10 гола кај победникот, каде пет запиша Илиев. Кај гостите Трајанов и Марков запишаа по пет погодоци.

Покрај оваа средба денеска ќе се сретнат Куманово – Скопје (18:30 часот) и Вардар Неготивно со Јуниот К.В во истиот термин.

ПретходноМото ГП: Историска победа за Франческо Пеко Бањаја!
СледноКвалификации за ЕВРО 2024: Шкотска со тројка го “поздрави“ Кипар! (ВИДЕО)