Струга со гол во последните секунди до триумф во Неготино, Куманово без проблеми против Скопје

94

Во еден од двата последни натпревари од плеј-аут групата во ракометништ шампионат, екипата на Струга во драматична завршница замина со победа од гостувањето кај вардар Неготино со 26:25. Во последните секунди од мечот, гостите постигнаа гол за триумф.

Ова е прва победа за Струга по серијата од четири порази, воедно и можебиклучна победа во трката за опстанок. Бугариновиќ со 9 гола беше најефикасен кај Струга, додека Адамовиќ заврши со 10 погодоци кај Вардар (Н).

Куманово, пак, немаше многу проблеми да го победи Скопје. На домашен терен кумановци на крајот славеа со 33:25.

ПретходноКвалификации ЕП 2024: Турците ја добија „војната“ во Ереван, Косово со бод од Израел (ВИДЕО)
СледноТиквеш им се врати на победите, во Кавдарци падна Пелистер 2!