Дуелот меѓу Партизан и Татран Прешов ги дадоа четвртфиналните двојки во СЕХА-лига. Реванш дуелот во Белград заврши со 36-35 во корист на домаќинот, но резултат не беше доволен да го избегнат третото место во групата кое му носи пресметка со најсилниот тим во оваа конкуренција Веспрем.
Ова беше олеснување за Вардар кој во четвртфиналето ќе игра против Војводина, додека пак Татран Прешов ќе игра против Пелистер. Последната двојка за место на Ф4 ја сочинуваат хрватските тимови ППД Загреб и Нексе.
Првите четвртфинални натпревари македонските екипи ги играат дома на почетокот на април.