Во новата сезона во женската јадранска лига, покрај Бадел 1862 учество ќе земе и двојниот освојувач на круната во Македонија, Баскет Кам.
Денеска на редовно годишно Собрание беа одредени групите и двојките за првото коло во ова натпреварување.
Бадел 1862 во првото коло ќе игра против Цинкарна Целје. Македонскиот претставник се најде во група со Орлови, Берое, Феникс и Војводина.
Баскет Кам е во групата Б, на стартот силите ќе ги одмери со Пламен, додека за противници ги има уште и Партизан 1951, Будуќност, Триглав, Бановичи и Монтана.
Стартот на ова натпреварување е закажано за 22. септември.