Супер гол на Атанасов, сепак Краковија поразена! (ВИДЕО)

448

Јани Атанасов, нашиот репрезентативец имаше добар настап за својата Краковија на гостувањето кај Попгон Шчечин, и тоа зачинет со прекрасен гол. При резултат 2:1 за домашните, Атанасов во 54.минута една одбиена топка ја смести во мрежата на Погон за 2:2.

Сепак овој гол не беше доволен барем за бод, зошто домашните во 88.минута постигнаа трет гол за конечни 3:2.

Македонецот го одигра цел меч и беше најдобро оценет кај неговиот тим.

ПретходноМек Aлистер ќе биде дел од новиот Ливерпул
СледноКожув со блескава последна четвртина го “нокаутираше“ Гостивар!