„Нема предавање“ порача Ристовски по триумфот на Динамо со пресврт

324

Динамо Загреб стигна до победа и се приближи до нова шампионска титула во хрватската Прва лига. „Модрите“ денеска славеа со 1:2 на гостувањето кај Локомотива и покрај тоа што во првото полувреме губеа.
Ибрахим донесе водство за Локомотива, а во вториот дел е направен пресвртот. Иванушец и Менало ги донесоа бодовите за Динамо.
Македонскиот капитен Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути, а по мечот на Инстаграм порача „Нема предавање“, охрабрувајќи ги своите соиграчи на патот кон шампионската титула.
Да потсетиме дека пред неколку дена Динамо испадна од Купот, па сега му остана уште првенството.

ПретходноСити лесно со „фенерџијата“, Халанд стигна до 30 голови во Премиер лигата
СледноМожеше подобро, но и полошо: Ракометарките поразени од Украина на првиот бараж меч!