Младите во јуни со дуели против Ерменија и Малта

262

Македонската репрезентација до 21. година во месец јуни планира повторно да има собир поточно да ги одигра мечевите кои ќе бидат еден вид на генерална проба за претстојните квалификации кои почнуваат наесен.

Спортмедиа дознава дека селекторот Канатларовски и неговиот тим планираат две пријателски средби. Истите ќе бидат против Ерменија односно Малта.

Првично се планира собирот на репрезентативците да биде на 12 јуни, за да на 15 или пак 16 јуни да се одигра дуелот против Ерменија. На 20 јуни пак ќе биде закажан дуелот против Малта што ќе биде последен меч пред квалификациите.

Истите за нас стартуваат на 8 септември со гостувањето во Шведска, меч кој најверојатно ќе се игра во Малме.

 

ПретходноЈовиќ: Навистина го заслуживме местото на финалниот турнир!
СледноВардар 1961 по пресврт го освои Нови Сад и го потврди билетот за Ф4 во СЕХА-лига!