Стојанче Стојанов од Штип е одреден за главен судија на супер – дербито во Охрид и тоа меѓу Воска Спорт и Вардар. Меч кој се игра во недела со почеток од 16 часот и веројатно ќе ја реши судбината на Вардар за оваа сезона во ВМФЛ.
Покрај овој натпревар, во недела се играат и сите останати натпревари од 25.коло во ВМФЛ.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 25.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)
Беласица – Пелистер: Марјан Младеновски (Скопје)
Слога (В) – Тетекс: Фатмир Бавто (Охрид)
Воска – Вардар: Стојанче Стојанов (Штип)
Гостивар – Кожув: Бењамин Ќерими (Скопје)
Беса – Арсими: Марјан Стојановски (Кичево)
Саса – Охрид: Благојче Ралевски (Битола)
Пехчево – Детонит: Влатко Илиоски (Прилеп)
Караорман – Борец: Ристе Сејменов (Струмица)