Викендов се играат натпреварите од 30.коло во ПМФЛ и 27.коло во ВМФЛ. Во Штип, каде се среќаваат Брегалница и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево, додека во Кратово каде играат Силекс и Шкупи, правдата ќе ја дели Игор Стојчевски од Скопје.
Во Втората лига, Вардар гостува кај Беласица, мечот се игра во Турново, а таму главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.
ПМФЛ: ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 30.КОЛО-НЕДЕЛА (16 Ч)
Силекс – Шкупи: Игор Стојчевски (Скопје)
Брегалница – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)
Тиквеш – Работнички: Марјан Стојановски (Кичево)
Победа – Скопје: Ндерим Тефику (Куманово)
САБОТА:
Шкендија – Македонија ЃП: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
ВМФЛ: ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 27.КОЛО-САБОТА (16 Ч)
Тетекс – Пелистер: Марјан Младеновски (Скопје)
Беласица – Вардар: Димитар Пилешков (Штип)
Слога (В) – Кожув: Стојанче Стојанов (Штип)
Воска – Арсими: Александар Василевски (Скопје)
Гостивар – Охрид: Христијан Божиноски (Скопје)
Беса – Детонит: Доне Ристовски (Гевгелија)
Саса – Борец: Сашко Ристов (Струмица)
Пехчево – Караорман: Благојче Ралевски (Битола)