Рустемовски и Исени се нашите претставници Мундијалот во Узбекистан

94

Ален Рустемовски и Аријан Исени се боксерите кои ќе ја претстават Македонија на претстојниот Мундијал во Ташкет, Узбекистан. Истиот ќе се одржи од 1 до 15 мај.

Денеска во просториите на АСМ, а во присуство на тренерот Јове Петровски и нашиот поранешен боксер и потпретседател на Боксерска федерација Фатон Салиху, двајцата боксери ги презентираа своите очекувања од настапот на најголемото светско натпреварување каде ќе има одлична можност за презентација на македонскиот бокс.

Ален Рустемовски ќе настапи во категорија до 57 кг, а Исени во категорија до 80 кг

ПретходноМодриќ во „аут“ за клучните мечеви за Реал Мадрид сезонава
СледноПрашалникот на Димевски како одговор на пресот на Борко Ристовски