Екипата на Фрозиноне се врати во најсилната италијанска фудбалска лига после четири години. „Жолто-сините“ ја осигураа промоцијата по победата над Реџина со 3:1 и на три кола пред крајот на сезоната нема шанси да бидат изместени од позициите кои водат во повисок ранг.
Фрозиноне има 71 бод, Џенова е втора со 67 бода, а третопласираниот Бари има 61 бод.
Фрозиноне ја предводи поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо.
Првите две екипи одат директно во Серија А, а оние од третото до осмото место играат плеј-оф за уште едно место.
Da Berlino a Frosinone, Fabio #Grosso riporta il #Frosinone in Serie A. Per lui si tratta della prima promozione da allenatore.
Una bella storia, di una bella società.
Applausi alla famiglia Stirpe.#SerieB | #SerieA pic.twitter.com/vSAOF4cjT8— Giovanni Cristiano (@Jo_Reporter) May 1, 2023